Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски на прес конференција информира за новата мерка која што дел од Оперативниот план на активни мерки и услуги за вработување за 2015 година “Финансиска поддршка на микро и мали компании” која треба да даде дополнителна финансиска поддршка на најмалите компании да им помогне да отворат нови работни места. За реализација на оваа мерка за 2015 година се предвидени 18.400.000 денари за отворање на 200 нови работни места.
„Очекуваме со завршувањето на јавниот повик кој што ќе трае до 16 септември оваа можност да ја искористат поголем број на домашни компании, да ги поттикнеме,да ги финансираме за да отворат нови работни места.За секое ново отворено работно место, за секое ново вработување, овие приватни компании ќе можат да добијат 92.000 денари грант финансиски средства за опрема и репро материјали од страна на државата. И понатаму ќе продолжиме со реализација на низа мерки коишто вродуваат со резултати, помагаат на македонските компании да отворат нови работни места, ги стимулираат и ги финансираат истите.” рече Спасов.
За реализација на оваа мерка која што се применува и се реализира од 2010 година досега се реализирани 41.000.000 деанари. Оваа поволност или пак можност да преку оваа мерка за да отворат нови работни места ја искористиле 307 компании за отварање на 446 нови работни места.
„За оваа година се определени 18.400.000 денари за отворање на 200 нови работни места и очекуваме овие вработувања да се финализираат заклучно со крајот на оваа година и исто така овие средства да легнат на сметките на приватните компании коишто ќе ја искористат оваа мерка до крајот на годината.” посочи Спасов.
Директорот на Агенцијата за вработување на Македонија Влатко Поповски истакна дека самата мерка се реализира во неколку циклуси, во кој што првиот циклус е апликација и поднесување на бизнис план со којшто компаниите го развиваат својот бизнис и ќе посочат дека имаат потреба за вработување на одреден број лица заради проширување на самата компанија. Подоцна тим којшто е составен од преставници на Министерството, Агенцијата за вработување и од УНДП којшто го надгледуваат процесот ќе се вклучи во разгледување на бизнис плановите, оценување на нивната валидност и на крајот ќе биде изборот на 200 вработувања во кои компании ќе се реализираат бидејки една компанија може да добие до пет работни места, најдобриот бизнис план ќе добие пет работни места.
„Вкупно се 200 вработувања, ние се надеваме дека ќе се јават повеќе компании кои што прошират повеќе работни места со што ќе создадеме повеќе работни места во микро малите претпријатија кои што имаат потреба од вакви финансиски средства во вид на опрема и репро материјали. На крајот ќе биде објавен списокот на селектираните и сите ќе потпишат договор со агенцијата и ќе ги добијат средствата.
Условите се компанијата да не должи јавни давачки, да не го намалила вкупниот број на вработени последните шест месеци, односно заклучно со 30.12.2014 година да не го намалиле бројот на вработени, да не должат јавни давачки од типот на даноци, на придонеси за вработување и минатата година да имале најмалку нула завршната сметка во централниот регистар.”рече Поповски.
Вработувањето е на најмалку 12 месеци со тоа што доколку некое лице си замине компанијата треба да го замени со ново лице во рок од 15 дена од прекинување на договорот што ги имале со претходното лице. Инаку компаниите не можат да го користат бенефитот од Македонија вработува туку директно си плаќаат придонеси за секое ново вработување бидејќи ова е субвенционирано вработување.