Зголемен бројот на првачиња во Охрид

Од денес за основците и средношколците почнува новата учебна 2015/2016 година. Во Македонија, во училишните клупи првпат ќе седнат околу 20.000 првачиња.

Во однос на минатата година во Охрид зголемен е бројот на првачиња. Според информациите до кои дојде WebOhrid, во ОУ „Григор Прличев“, денес во училишните клупи ќе седнат 105 првачиња, а во подрачното училиште Рача 6 првачиња.

Во ОУ „Христо Узунов“ Охрид во училишните клупи ќе седнат 150 првачиња, што е за околу 26 повеќе првачиња од минатата година.

Во ОУ „Св.Климент Охридски“ Охрид бројката изнесува 36 првачиња. Во централната зграда на ОУ „Братство-Единство“ и Лескајца, вкупниот број на првачиња е 110, што во однос на минатата година претставува извесно зголемување на учениците  за 13 ученици.

Среќно првачиња!

WebOhrid