Делегација од Турција предводена од претседателот на регионалниот совет на ТУРСАБ- Асоцијација на тур оператори од Турција, Мехмет Акус, заедно со уште осумнаесет туроператори и нивни членки, од денеска се во официјална постета на Македонија, со цел проширување на туристичкиот пазар, зголемување на турстичката размена меѓу Турција и Македонија, зацврстување на веќе постоечките и создавање на нови партнерства со Македонија.
Претседателот на регионалниот совет на ТУРСАБ, Мехмет Акус со Аркан Керим, претседател на Туристичко угостителската комора при Сојузот на стопански комори потпишаа Меморандум за соработка со цел поголема конторола, зацврстување на веќе постоечките и создавање на нови партнерства со Македонија за проширување на туристичкиот пазар значаен за двете земји.
Друга бизнис средба ќе се оствари во Охрид, со цел презентирање на хотелските капацитети и зголемување на бројот на туристи од еден од најзначајните туристички пазари за Македонија. Според статистичките податоци бројот на туристи од Турција е зголемен за повеќе од 400%, од 2008 година кој изнесувал 16.000 туристи до 2015 тој број е зголемен за повеќе од 75.000 туристи годишно и остварени повеќе од 140.000 ноќевања.
Претседателот на регионалниот совет на ТУРСАБ, Мехмет Акус искажа благодарност за поканата за посета на Македонија од страна на АППТРМ, за целокупната организација, гостопримливоста, големиот интерес од страна на македонското туристичко стопанство и се надева на успешна посета, остарени многу значајни контакти со цел продолжување и зголемување на успашната туристичка размена со Турција.
Информативното патување кое е во организација на АППТРМ, ќе започне од Скопје, ќе се посети винскиот регион, Битола и музејот на Кемал Ататурк и ќе заврши со дводневна посета на Охрид.