Јаховиќ со два нови голови

Јаховиќ повторно стрелец на два голови. Денес, во рамките од турската Супер лига, Гозтепе на домашен терен играше против Аланијаспор. Јаховиќ го отвори резултатот во 41 минута, со што Гозтепе водеше на полувреме со 1:0. Во второто полувреме гостите изедначија на 1:1 во 66 минута. Гозтепе повторно дојде во водство во 72 минута, а Јаховиќ зголеми и на 3:1 во 74 минута. Кога се чинеше дека се е решено, домашните некако се опуштија особено во одбраната и примија два голови во 87 и во 90+2 со што натпреварот заврши без…

повеќе...

Македонија 0:0 Турција

Македонската А репрезентација одигра без голови, 0:0 против Турција на контролниот натпревар на Националната арена во Скопје. Трет меч во низа Македонија е без примен гол и без пораз по победите над Лихтенштајн и Белорусија. Избраниците на Игор Ангеловски го надиграа силниот противник, но немаа среќа да ѝ се радуваат на победата. Дадовме два гола, но ни беа поништени поради офсајд. Најдобрата прилика за триумф ја имаше Иван Тричковски во 88 минута, но голманот Бабакан ја спасуваше од пораз екипата на Фатих Терим. Даниел Мојсов во 19 минута по центаршут…

повеќе...

Наставници од стручно училиште од Истанбул во посета на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“

Наставници од средното стручно училиште од Бајрампаша, Истанбул предводени од директорот Deniz Mutlu Güler беа во тридневна посета на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“. Оваа соработка трае неколку години како партнер училишта во рамките на меѓународниот проект „Балкан Јуниор“, кој настана како идеја да се поврзат училишта со слични струки од различни држави на Балканот. Посетата беше искористена да се разменат знаења и искуства за извршување на практични задачи засновани на повеќегодишна работа на наставниците од областа на современите технологии кои се потребни на пазарот на трудот (електротехника, машинство, информатика и автоматика).…

повеќе...

Претседателот Иванов со сочувство до претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод нападот во Истанбул, упати изрази на сочувство до претседателот на Република Турција, г. Реџеп Таип Ердоган. „Почитуван господине Претседателе, Со голем шок и длабока потресеност ја примив веста за трагедијата во Ортакој, Истанбул, во која загинаа 39 лица. Без оглед на тоа каде живееме, ваквата трагична загуба на невини млади животи е уште еден потсетник дека мора да останеме заедно и силни во име на човечноста и да направиме сè за добросостојбата на нашите деца. Во овие мигови на длабока тага,…

повеќе...

Средба на министерот Спасовски со амбасадорот на Турција Омур Шолендил

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари проштална средба со амбасадорот на Република Турција во Република Македонија Н.Е. Омур Шолендил. На срдечната средба, министерот Спасовски му се заблагодари на амбасадорот Шолендил за посветеноста и енергијата која ја внесе во развивањето на добрите односи меѓу двете држави, како и на помошта која Република Турција и ја дава на нашата држава и конкретно на Министерството за внатрешни работи. Амбасадорот Шолендил рече дека со убави спомени заминува од Република Македонија и дека секогаш ќе остане пријател на нашата држава.

повеќе...

Претседателот Иванов во работна посета на Турција

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, во рамки на работната посета на Република Турција, денеска во Истанбул оствари средба со претседателот на Република Турција, г. Реџеп Таип Ердоган. Во фокусот на разговорите на двајцата претседатели беа билатералните односи и соработка, со акцент на прашања од сферата на безбедноста, мигрантската криза и економските односи. На средбата претседателот Иванов изрази сочувство и жалење за серијата терористички напади во земјата, вклучувајќи го и денешниот, врз полициски контролен пункт во југоисточна Турција. Турскиот претседател Ердоган изрази сочувство и жалење за поплавите од 6…

повеќе...

Иванов: Внимателно се следи безбедносната состојба

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, со особено внимание ги следи настаните и развојот на состојбите во пријателска Република Турција. Македонскиот претседател е во постојан контакт со сите безбедносни институции во Република Македонија, со Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, Министерството за надворешни работи и со Армијата на Република Македонија. Претседателот на Република Македонија и раководителот на кризниот менаџмент постојано се информирани од субјектите кои се задолжени да се справат и да ги превенираат заканите и ризиците. Кризниот менаџмент на Република Македонија ги следи состојбите во сите држави…

повеќе...

Охриѓани не ги откажуваат туристичките аранжмани во Турција

Меѓу охриѓани нема откажувања за туристичките патувања и пакет-аранжмани за Истанбул и за другите туристички дестинации во Турција, по последниот терористички напад на истанбулскиот аеродром „Ататурк“. Од туристичката агенција „Венус травел“ информираат дека во моментов има туристи од Охрид кои се на летување во Турција, но се наоѓаат на други туристички локации, далеку од истанбулскиот аеродром. „Засега нема откажувања на туристичките аранжмани за Турција. Вообичаено има интерес за оваа туристичка земја. Секако дека се грижиме за безбедноста на нашите сограѓани. Но, како што беше јавено, за среќа, на прометните и…

повеќе...

Основци од „Братство-Единство“ во посета на Турција

Директорот на ОУ „Братство – Единство“, Охрид, Муамер Доко, заедно со наставниците од училиштето Емилија Паункоска, Бурим Хидри и Ајнет Пашо, како и ученици од училиштето, деновиве се во посета на Република Турција, односно во градовите Текирдаг и Черкезкој. Тие, со 18 ученици од трите националности, со мултиетничко оро ќе присуствуваат на Детскиот фестивал кој ќе се одржи на 23ти април (сабота), со што ќе го претстават училиштето, градот Охрид и нашата држава. Во рамки на посетата, по повод 23ти април, а на покана на градоначалникот на општина Черкезој, ќе остварат средби со градоначалникот и заменик…

повеќе...

Јолевски: Македонија и Турција се пример за соработка во регионот

Командантот на Копнената војска на вооружените сили на Република Турција, генерал Салих Зеки Чолак кој е во дводневна посета на Република Македонија денес оствари средба со министерот за одбрана, Зоран Јолевски и со началникот на ГШ на АРМ, генерал потполковник Методија Величковски. На денешната средба се разговараше за натамошен развој на одличната соработка меѓу копнените сили, можноста за обуката и едукацијата на воен и цивилен персонал, како и за состојбата со мигрантите и кризата која го зафати блискиот исток. Република Македонија и Република Турција имаат високо ниво на соработка во…

повеќе...