Денот на независноста неработен за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на Република Македонија, 8-ми септември (вторник), Денот на независноста е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани во Република Македонија им го честита Денот на независноста.