ДЗС: Најмногу слободни работни места во услужните дејности и продажбата

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2015 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.47%.

Највисока стапка на слободни работни места има во секторот З-Објекти за сместување и сервисни дејности со храна и изнесува 3.36%, додека најмала е стапката во секторот Г – Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација каде што изнесува 0.12%.

Деловните субјекти со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.19%.

Југозападниот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.50%.

Најголем број на слободни работни места, односно 2 306, има во петтата група на занимања – Работници во услужни дејности и продажба.