Активности на екипите на „Паркови и зеленило“ при ЈП „Охридски Комуналец“

Во текот на неделава, екипите на „Паркови и зеленило“ при ЈП „Охридски Комуналец“ хортикултурно го уредија дворот на ОУТУ „Ванчо Питошески“ како и зелената површина на кејот во близина на училиштето. Засадено е сезонско цвеќе и декоративни грмушки.

Во рамките на Програмата за одржување на јавна чистота за оваа година, во овој период секојдневно се реализираат активности за расчистување на крајбрежниот појас покрај кејот, на потегот од х.Палас до х.Милениум каде се наталожуваат наноси од реса, трска, муљ и комунален отпад, информираат од претпријатието.

„Се коси тревниот дел покрај коловозот на патот кој води до Спомен-паркот на Револуцијата , како и се косеше и тревниот дел кај станбените згради на влезот во Охрид.“- додаваат оттаму.