Денес во општина Охрид ќе биде одржан работен состанок поврзан со уредување на локации во градот што се користат од наркозависници.
На состанокот предвидено е присуство на заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев, претставници од комуналните сектори, претставници од МРТВ, членови на заедниците на станари, НВО и претставници на СВР Охрид.