Утре ќе се подигнува кабаст отпад во УЗ 1 „Стар Град“

Согласно испланираниот работен календар за 2015 година, ЈП „Охридски Комуналец” – Охрид во месеците септември и октомври ќе ги реализира акциите од есенскиот циклус за подигнување кабаст отпад на територијата на општина Охрид.

Акциите ќе се реализираат секоја работна сабота ро различен реон од градот за што граѓаните тековно ќе ги информираме преку средствата за јавно информирање. 

ЈП „Охридски Комуналец” – Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека утре ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во УЗ 1 „Стар Град“ .

Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во РЕ „Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од ЈП „Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.