Цените на угостителските услуги непроменети во август

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во август 2015 година, во споредба со јули 2015 година, остана на исто ниво. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Безалкохолни пијалаци за 0.3%. 

Индексот на цените на угостителските услуги во август 2015 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.1%.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – август 2015 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0.3%, додека во однос на декември 2014 година е зголемен за 0.4%.