Македонската кошаркарска репрезентација во премиерниот натпревар на Евробаскетот во Загреб доживеа убедлив пораз од фаворитот Грција од 85-65, во првото коло од групата Ц.
Црвеножолтите скоро три четвртини иако во негатива имаа активен резулат и беа рамноправен ривал на силниот тим на Грција. Разликата во квалитет сепак дојде до израз посебно во последната делница, по што на крајот заслужено Грците стигнаа до убедлив триумф.
Првата четвртина по одличниот старт и водството од 7-1 ја загубивме со 16:23, во втората и третата бевме рамноправни со 15:15 односно 19:21, а нашата игра целосно се распадна во последната четвртина којашто ја загубивме со 15:26.
Македонија играше храбро и конечниот резултат не е реална слика на силите на теренот, неколку пати во текот на мечот нашите опасно им се приближуваа на Грците на само 3-4 поени разлика.
Наш најефикасен кошаркар на натпреварот беше бекот Александар Костовски со 20 поени, солидно одигра и Војдн Стојановски кој во кошот на Грција испорача 13 поени.
Во победничкиот тим на Грција, најдобар впечаток остави Принтезис со 18 постигнати кошеви.
Нашиот национален тим ги продолжува натпреварите на Евробаскетот, а следниот противник е директниот конкурент за пласман во втората рунда Холандија.