Националната Установа Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид распишува:
ЈАВЕН ОГЛАС
За најдобра необјавена поема на македонски јазик
Григор Прличев за 2015 година
Конкурсот се реализира по повод и во рамките на манифестацијата Прличеви Беседи која се одржува во НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид во месец февруари со поддршка на Министерството за култура. Јавниот оглас ќе трае до 20-ти октомври годинава.
„Темата на поетите е слободна, но делото да не биде помало од 912 стихови, конкурсот е анонимен, следува парична награда. За наградата одлучува тричлено жири сотставено од стручни лица.“– информираат од Центарот за култура.
Сите заинтересирани автори да испратат до НУЦК „Григор Прличев“ – Oхрид, ул. „Македонски Просветители“ бр.4, 6000 Охрид необјавена поема во 4-ри примероци, а 5-тиот примерок да го имаат кај себе, комисијата ќе ги извести до 20-ти ноември 2015 година. Авторите да ги испратат своите дела под шифра.