Од ноќеска на полноќ бензините поевтинуваат за два денари, а цената на дизелот и екстра лесното масло останува непроменета.
Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 62 денара за литар, а на Еуросупер БС-98 ќе биде 64 денари за литар.
Се намалува и цената на Мазутот и ќе изнесува 19,9 денари за килограм.
Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена изнесувала 46,27 долари за барел, а курсот на денарот во однос на доларот бил 54,32 денари.