ВМРО-ДПМНЕ: Свесно или не, СДСМ признава дека ДПМНЕ посветено работи за разлика од нивниот период и манипулаторски стил на владеење

„Се додека пресовите на СДСМ се пресови кои ги објаснуваат активностите и заложбите на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, се дотогаш ќе ни биде и нам и на граѓаните сосема јасно кој работи, а кој само бесцелно ја заморува јавноста. Ако СДСМ сака реално да разговара во интерес на граѓаните на Охрид , конечно нека се изјасни за економските потези на Владата на ВМРО-ДПМНЕ“, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, Никола Митровиќ.

„СДСМ нека се изјасни дали зголемувањето на  платите на вработените е за нив добар економски потег и во интерес на сите граѓани вклучувајќи ги и граѓаните на Охрид? Дали зголемувањето на пензиите на пензионерите според нив е добар или лош економски потег на Владата и дали според нив корист има таа категорија на наши сограѓани? Дали проектот за вработување на социјално ранливи категории на граѓани е добар потег? Дали инвестициите во образованието и изградбата на училишни спортски сали е во интерес на граѓаните или не е? Дали овие економски политики на Владата од кој корист секако дека имаат и граѓаните на Охрид за СДСМ не преставуваат симбол на посветеност на Владата и покрај периодот на тешки економски светски кризи?“ – запраша Митровиќ.

Портпаролот Митровиќ рече дека ВМРО-ДПМНЕ сака да разговара за политики во интерес на напредок од секој аспект, а не да се занимава со бесцелни критики и манупулации.Митровиќ додаде дека ДПМНЕ сака да разговара за конкретни проекти.

„Јасно е дека се она што го имаме предвидено како активност во Охрид е многу тешко брзо да се  спроведе заради наследениот хаос оставен од СДСМ. И токму заради тоа СДСМ нема политичко лице неосновано да обвинува туку треба да се извинува на граѓаните на Охрид за се она што не го сработија во нивен интерес. Уште еднаш потенцираме дека се додека СДСМ цитира проекти остварени од ВМРО-ДПМНЕ, се додека СДСМ цитира експозеа од градоначалникот Бакрачески, се дотогаш свесно или не, СДСМ признава дека ВМРО-ДПМНЕ посветено работи за разлика од нивниот период и манипулаторски стил на владеење.“ – рече Митровиќ.