Во текот на вчерашниот ден издадени 1136 потврди за барање азил

Во периодот од 08,00 часот на 07.09.2015 до 08.09.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 1.136 странски државјани, од кои, 692 се од машки пол, 174 се од женски, 180 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 90 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-942, Ирак-88, Бангладеш-28, Авганистан – 16, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19.06.2015 до 08.09.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 65.658 странски државјани, од кои, 44.363 се од машки пол, 9.031 се од женски, 10.566 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 1.698 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-53.437, потоа Авганистан-3.612, Ирак-3.091, Пакистан-1.886 Палестина-787, Сомалија-577, Бангладеш-474, Конго-324, Нигерија-205, Камерун-160 Еритреја-143, Етиопија-109, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 08,00 часот на 07.09.2015 до 08.09.2015 година во 08,00 часот до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 08.09.2015 година до Одделението за азил се поднесени 49 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.