Делегација на СДСМ оддаде почит на загинатите херои за Македонија

Социјадемократскиот сојуз учествува и во државното одбележување на денешниот празник, 8 септември, Ден на независноста на Република Македонија.

Делегација на СДСМ, предводена од потпретседателот на СДСМ, Александар Кирацовски заедно со Благој Бочварски, член на И.О на СДСМ и Софија Куновска, пратеничка и претседателка на Градската организација на СДСМ Скопје, денеска оддаде почит и положи свежо цвеќе на Споменикот на паднатите херои за Македонија, во паркот Жена борец.

Во чест на 8 септември, Денот на независноста на Република Македонија, делегација од раководството на СДСМ, на највисоко ниво, претседателот Зоран Заев, заменик претседателката Радмила Шекеринска и генералниот секретар Оливер Спасовски, во име на Социјалдемокртаскиот сојуз и на граѓаните на Македонија, положи свежо цвеќе на гробот на првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров и оддаде почит за неговиот голем придонес за слободна, независна и суверена Република Македонија.