Се асфалтира кружниот тек кај Охридска банка

Започна асфалтирањето на прекопите на кружната раскрсница на пресекот од улиците „Туристичка“ и „Македонски Просветители“.

Асфалтирањето се одвива во две фази. Во првата фаза се поставува носив слој на асфалт а активноста се очекува да биде завршена за околу 3 работни дена. Во втората фаза ќе се поставува уште еден слој на асфалт,по што ќе се пристапи кон поставување на хоризонтална и вертакална сигнализација.

На овој простор паралелно се извршуваат и подготвителни активности за оформување на секундарниот кружен тек, по што ќе следува негово асфалтирање исто така во две фази.

Asfaltiranje_kruxen_tek_1_4851 Asfaltiranje_kruxen_tek_1_4853