Општина: Во иднина плачките на СДСМ ќе бидат се погласни затоа што Охрид интензивно ќе се гради

Во врска со соопштението на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати Општина Охрид, во која стои:

„За нас е очекувано плачењето на СДСМ од Охрид, затоа што секогаш кога на Охрид ќе му се случи убав проект, како што е новоизградениот плоштад, кој охриѓани со восхит го прифатија, тоа многу ги боли и плачат.

Особено лесно е предвидлива и провидна нивната тактика со детски постапки, секогаш кога ќе се реализираат нови проекти за Охрид, како што е денешното пуштање во употреба на реконструираната улица „Питу Гули“ и отпочнувањето на изградбата на двете кружни сообраќајници, да се обидат сето тоа да го засенат. Но, тоа, кај граѓаните на Охрид не поминува.

За уредувањето на просторот, кој го посочуваат во нивното соопштение , најнапред треба да се обратат до сопственикот, за кој јавноста многу добро знае дека беше еден од омилените бизнис партнери на претходниот градоначалник.

Во иднина, плачките на СДСМ-Охрид ќе бидат се погласни затоа што Охрид интензивно ќе се гради и за Охрид ќе создаваме уште многу дела.

Нивниот плач е најдобра потврда дека ние сме на вистинскиот пат.“– стои во реакцијата.