Традиционален марш до вечниот дом на Аргир Маринче и неговите востаници

Здружението на граѓани Св Василиј и советот на месната заедница од с.Куртаица по повод 112 годишнината (недела) 13.09.2015 год од битката кај Рашанец организира посета-марш до вечниот дом на војводата Аргир Маринов-Маринче и неговите востаници, најголемиот настан во Охридско, – или во народот најпознат како втор „Мечкин Камен„ , каде 117 те оружани востаници (со примитивно оружје и недоволно муниција) воделе нерамна борба со околу 3000 турски аскер.

Почеток на маршот е во 08:30 часот од средсело Куратица

• 9:00 часот ПАНИХИДА ВО ЦРКВАТА СВ НИКОЛА (селски гробишта)

• Околу 10:30 пауза кај местото Клинчи гумења и запознавање со детали од настанот од 1903 (пештерите каде било сместено населението , болница, фурните за леб, пушкарниците ….. итн. )

• 11:00 часот пристигнување на местото на загинувањето на Аргир Маринче и неговите востаници-сожртви и одржување говор.

• 13:00 часот – поделување храна и пијалок за присутните

• 14:00 часот – враќање назад за Куратица.

Должината на маршот е оклу 6 км (во еден правец),поради конфигурацијата на теренот препорачливо е учесниците да носат соодветни обувки и облека, како и ранец за храна и пијалок.