Во периодот од 08,00 часот на 09.09.2015 до 10.09.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 1.830 странски државјани, од кои, 1.112 се од машки пол, 251 се од женски, 404 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 63 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.270, Авганистан –366, Ирак-90, Пакистан-68, Иран-15, додека другите се во помал број.
Во периодот од 19.06.2015 до 10.09.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 68.784 странски државјани, од кои, 46.248 се од машки пол, 9.455 се од женски, 11.253 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 1.828 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-55.811, потоа Авганистан-4.086, Ирак-3.215, Пакистан-1.976 Палестина-808, Сомалија-583, Бангладеж-477, Конго-328, Нигерија-208, Камерун-163 Еритреја-146, Етиопија-117, Судан-103, додека останатите се во помал број.
Во периодот од 08,00 часот на 09.09.2015 до 10.09.2015 година во 08,00 часот до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 10.09.2015 година до Одделението за азил се поднесени 49 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 09.09.2015 година евидентирани се вкупно 5 баратели на азил, сите мажи. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита 1 барател на азил – малолетно лице е без придружба на старател е згрижен на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.