Владата денеска исплати субвенции за овчо, кравјо и козјо млеко во износ од 37,4 милиони денари. Средствата се исплатени на сметките на 1.791 сточар.
Инаку, висината на мерката изнесува 3,5 денари по произведен и продаден литар млеко со вклучена дополнителна поддршка од 15 отсто за подрачја со отежнати услови за производство.