Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за второто тримесечје од 2015 година изнесува 2.6%.
Во второто тримесечје од 2015, најголем пораст е забележан во секторите: И – Финансиски дејности и дејности на осигурување од 13.8%; К и Л – Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 12.6%; Ѓ – Градежништво од 6.2% и Е, Ж и З – Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 5.5%.
Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2015 година номинално расте за 2.4%, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 72.3%.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 8.3%, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 2.7%.