ЈЗУ Здравствен Дом Охрид започна со примена на петтовалентните вакцини, согласно календарот за имунизација. Шестовалентните вакцини веќе се применуваат од 1.08.2015. Со употреба на петтовалентни и шестовалентни вакцини, бројот на инјектирања во првата година се намалува од 13 на 7, а исто така се намалени и несаканите дејства. Имунизацијата не е проследена со покачена температура, а во ретки случаи може да се појави краткотрајно црвенило и болка.