Охрид домаќин на Меѓународен Конгрес „Образованието и глобализацијата“

Педагошкиот факултет „Св.Климент Охридски“ – Скопје, заедно со Педагошкиот факултет од Тракискиот Универзитет во Едирне – Турција, Педагошкиот факултет од Тракискиот Универзитет во Стара Загора – Бугарија и Учителскиот факултет од Универзитетот во Загреб – Хрватска, на 17-ти и 18-ти септември во Универзитетскиот Конгресен центар во Охрид го организираат десеттиот Меѓународен Конгрес на образование на тема: „Образованието и глобализацијата“.

На учесниците ќе им се обрати Ректорот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – проф. д-р. Велимир Стојковски и деканот на организаторите.

Пристигнати се околу 200 соопштенија од учесници од повеќе Балкански држави. Конгресот ќе работи на пленарни седници и во 4 тематски секции.

Во рамките на Конгресот на 20-ти септември 2015 година во хотелот „Буши“ во Скопје ќе се одржи Меѓународна научна конференција од полето на физичкото образование на тема: „Основи на моторичката писменост во раниот детски развој“.

На конференцијата ќе учествуваат научни работници од Европа и Азија, меѓу кои има и академци.