LIVE YOUR GOALS – Кампањата на ФИФА по втор пат во Македонија

LIVE YOURS GOALS, кампањата на ФИФА за развој на женскиот фудбал по втор пат ќе се одржи во Скопје на тренинг центарот „Петар Милошевски” на 19 септември со почеток од 10:00 часот.

„Преку кампањата „LIVE YOUR GOALS“ отворивме врата за девојките и младите жени во Македонија да се вклучат во играта. На настанот кој Фудбалската федерација на Македонија го организираше на 20. јуни учествуваа повеќе од двесте девојчиња, многу од нив добија инспирација да се вклучат во фудбалот и да покажат дека можат да ги остварат своте цели преку фудбалската игра. Пријавувањето на девојчињата за вториот LIVE YOUR GOALS настан е закажано во 09:30 часот. Сите сте поканети!“ – информираат од ФФМ.