Работилница за царински постапки за поштенски сообраќај

Во периодот од 15 до 16 септември 2015 година во Скопје, Царинската управа на Република Македонија, преку TAIEX инструментот за техничка помош (Technical Assistance and Information Exchange instrument), организира Работилница за царински постапки за поштенски сообраќај.

На семинарот, покрај царински службеници, учествуваат и претставници од Македонски пошти и Агенцијата за пошти, со цел размена на искуства и надградување на знаењето. Работилницата ќе овозможи подобро да се разбере транзитната постапка во поштенскиот сообраќај, вклучувајќи користење на гаранција, анализа на ризик, привремено складирање на поштенските пратки, потребни документи за извоз на мали пратки, поднесување на усна царинска декларација за увоз и извоз, царинење на поштенски интернет пратки, евиденција на царински декларации и употреба на поедноставени постапки за поштенските пратки.

Царинската управа на Република Македонија континуирано работи на подобрување на соработката со учесниците во царинската постапка, а преку процесот на учење и стручно усовршување, на вработените им овозможува надградување на знаењето и стекнување со нови вештини и техники на работа.