Преставниците на Здружението на клубови од Првата кошаркарска лига денеска на седница во просториите на МКФ одлучија сезоната 2015/2016 во Првата Македонска Лига да започне на 10 октомври.
Во првото коло ждрепката одлучи да играат минатогодишните ривали во финалето на Купот Кожув – Работнички, потоа Карпош Соколи 2000 – Бест, Фени Индустри – Куманово 2009 и МЗТ Скопје Аеродром – Струмица.
Во 5 коло е премиерното вечно дерби меѓу МЗТ Скопје и Работнички.
Според новиот систем за натпреварување, Првата лига ќе се игра четирикружно, во плеј офот ќе се пласираат шест најдобри екипи по 28 кола.
Во 1/4 финалето од Плеј Офот слободни ќе бидат првите две екипи на крајот на Првата лига, кои обезбедуваат директен пласман во полуфиналето.
Преставниците на Здружението на клубови од Прва лига по долга дискусија се договорија резулатите од Првата лига да се пренесат во Плеј офот, но само за четвртфиналето. Тоа значи дека ако некоја екипа оствари предност во победи од 3-1 или 4 -0 во меѓусебните средби со некој противник, да има предност од 1-0 на почетокот на четвртфиналната серија во Плеј офот.
Полуфиналето и големотот финале е одлучено да стартуваат од 0-0, без разлика на меѓусебниот скор на противниците во претходните средби.
Инаку целиот Плеј оф ќе се игра до три победи.
На седницата на Здружението воедно беше констатирано дека согласно Регистрациониот правилник, клубовите ќе имаат право на трансфери се до крајот на првиот круг на натпреварување, поточно пред првиот натпревар од 15 коло.