НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид го збогати книжниот фонд со нови наслови. „Во потрага по мртвата принцеза“ од Кенизе Мурад, „Бадалпурска градина“ од истиот автор, „Двојна измама“ од Џејмс Патерсон, „1Q84“ од Мураками, „Невидливиот“ од Сајрус Копланд се само дел од новите наслови кои од денеска може да се изнајмат од Библиотеката. Комплетен преглед на сите нови книги, читателите може да добијат на веб страната на Библиотеката www.bibliotekaohrid.mk
Книгите се набавени во рамки на проектот „Збогатување на книжниот фонд“ одобрен од Министерство за култура на РМ.