Повик за вклучување по повод одбележувањето на Ден без автомобили во Охрид

По повод одбележувањето на Европската недела на мобилноста и 22-ри септември денот што општина Охрид го прогласи за ден без автомобили, до граѓаните, велосипедските клубови од Охрид и новинарите, од СВР Охрид упатуваат повик за вклучување во оваа значајна активност што е од непроценливо значење за здрав живот, здрава и чиста животна средина.

Манифестацијата што годинава се одржува под мотото „Избери, промени, комбинирај“, ќе започне во 10 часот и 30 минути со собирање на учесниците пред зградата на Општина Охрид.

За таа цел во соработка со СВР- Охрид за сообраќај ќе бидат затворени неколку фреквентни сообраќајници и тие се резервираат за велосипедисти и пешаци. Во перидотот од 11 до 13 часот за сообраќај ќе бидат затворени улиците „Димитар Влахов“, „Кузман Јосифовски“ од пресекот со „Димитар Влахов“ до пресекот со „Партизанска“, „Партизанска“ од пресекот со „Кузман Јосифовски“ до пресекот со „Јане Сандански“ и дел од „Јане Сандански“ од пресекот со „Партизанска“ до пресекот со „Димитар Влахов“.