По завршувањето на подготвителните теренски активности официјално почна реконструкцијата на регионалениот пат Битола – Ресен.
Почетокот на градежните активности го означи премиерот Никола Груевски. Според него, по 35 години за првпат се прави реконструкција на оваа важна сообраќајница.
Планирано е да се реконструираат 27 километри за што ќе бидат инвестирани шест милиони евра. Градежните активности се очекува да се завршат за 12 месеци.