Во петок 27-мо издание на „Охридските староградски средби“

На 25- ти септември (петок) по 27- ми пат ќе се одржат „Охридските староградски средби“, во организација на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид. Фестивалот има за цел да ги афирмира вредностите на староградскиот мелос и ги обновува старите добри градски музички традиции.

Фестивалот ќе започне со почеток во 19:00 часот со дефиле на ансамблите низ старата чаршија и настап на две локации: Градски плоштад и Стар чинар, а свечено ќе биде отворен во 20:00 часот. 

Поздравен говор ќе одржат претставник од Општина Охрид и директорката на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, Драгана Боцеска.

На 27-то издание ќе настапат Градски хор НУЦК “Григор Прличев” – Охрид,  Македониум – Младински хор – Крушево, Пеачка Група Сирма Војвода – Битола, КУД Далги пеачка група З.П. Охрид и Дебрца, Дом на култура „Лазар Софијанов“- Кратово,  КУД Пензионери З.П. – Прилеп, Староградски ансамбл – Лубе Кумбароски – Струга,  Распеани Гевгеличани – Гевгелија,  Пеачка група Весела Тајфа – Богданци,  Охридски Мерак – Охрид, Вис орнаменти – НУ Центар за култура – Штип, Распеани Струмичани – НУЦК Струмица, НУЦК „ Марко Цепенков“ Октет – Прилеп и Чалгиска музика за мерак – Ацо Тасески.

Охридските староградски средби ќе се одржав во големата сала при Центарот за култура „Григор Прличев“, а влезот е слободен.

Организирањето на манифестацијата е овозможено со материјална помош на Министерството за култура на Република Македонија.