Премиерот Никола Груевски попладнево престојуваше во работна посета на Македонски Брод каде изврши увид во неколку проекти што ги реализира Владата, како и неколку проекти што се реализирани изминатиот период.
Притоа, Груевски заедно со директорот на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор Цветко Грозданов направија увид во новата зграда со станови наменети за лица од ранливите категории чија изградба е во поодминат тек.
Станува збор за објект со вкупна површина од 460 метри квадратни во кој ќе бидат сместени 10 стана за ранливите категории граѓани. Вкупната инвестиција изнесува 21 милион денари.
Изградбата на зградата со оглед на динамиката на изведбата, ќе биде завршена два месеци пред предвидениот рок.
Премиерот Груевски потоа оствари средби со граѓаните на Македонски Брод и околината, запознавајќи се со некои од нивните проблеми со коишто се соочуваат во секојдневниот живот.
На забелешка.од граѓани што се носители на станарски права во постари објекти сопственост на ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор, премиерот го задолжи директорот Грозданов во најкус рок да направи пресметка за нивно реновирање. Грозданов притоа вети дека за десет дена ќе изготви документација што ќе овозможи решавање на долгогодишниот проблем, реновирање на становите во најкус можен рок некаде до два месеци.
Премиерот изврши увид и во градежните работи на тениското игралиште, за кое Владата инвестира шест милиони денари. Притоа беше истакнато дека преку вакви проекти во општината Македонски Брод се изградени спортски сали во основното и средното училиште,а се гради и тениски терен. Најавена е и изградба на повеќенменско игралиште.
Градоначалникот Милосим Војнески му заблагодари на премиерот за досегашните нвестиции и поддршката од Владата, меѓу кои и реализацијата на проекти од локално значење, вредни над 600 илјади евра. Владата има обезбедено дополнотелни 700 илјади евра што ќе бидат наменети за проекти насочени кон подовбрување на животот на населението.
По однос посоченениот проблем за неработењето на училиштето во селото Костово, Груевски рече дека ќе се заложи да биде обезбедена согласност да се ангажира учител што ќе држи настава.
„Од мојот Кабинет ќе проверат да се даде спгласност за наставник, да може училиштето да почне да работи и децата таму да посетуваат настава“, вети Груевски.
Граѓаните посочија дека во амбулантите изградени од Министерството за.здравство во селата Манастирец и Локвица има потреба од ангажирање медицински персонал. Премиерот веднаш се консултираше со ресорноот министер при што е договорено да се објави оглас за вработување матичен лекар, со што би се решил и тој проблем.
Груевски оствари средба и со населението на село Требино, каде како најгорлив проблем му беше посочено водоснабдувањето. Притоа од страна на градоначалникпт им беше ветено дека до јули идната година ќе биде изграден нов водовод, а дотогаш дека општината ќе покрие поголем дел од сметките за струја што граѓаните ги даваат за употреба на пумпите за вода.
На средбите граѓаните на општина Македонски Брод му се заблагодарија на.Груевски за вниманието што им го посвети, што ги ислуша нивните проблеми, како и за посветеноста на Владата за нивно решавање.