Нов систем за наводнување кај Холандскиот Парк

Екипите на „Паркови и зеленило“ при ЈП „Охридски Комуналец“ поставуваат систем за наводнување во градскиот парк на потегот од Холандскиот Парк до мостот кај каналот Студенчишта.

„Со зафатов и овој дел од градскиот парк автоматски ќе се наводнува што претставува главен предуслов за континуирана одржливост на зелените површини.Во тревните површини и делот околу детското игралиште кое во иднина ќе се прошири ќе се постави 150 м. систем за наводнување.“– информираат од претпријатието.

DSCN10601 park1 park2