Груевски: Над пет милиони евра за Охрид, Струга, Вевчани и Дебар

Во регионот на Охрид, Струга, Дебар, па и Вевчани предвидени се 5,12 милиони евра за инфраструктурни проекти кои дел се преку Програмата за рурален развој што се распределени на овие четири општини, а дел се директни инвестиции од страна на различни министерства. Овие пет милиони евра директно ќе одат за развојот на овие четири општини, најави  премиерот Никола Груевски.

„Внимаваме на овој регион доста, се трудиме што повеќе да донесеме средства, инвестиции во различни проекти што се значајни за граѓаните како водоводи, канализациски мрежи, градба на инфраструктурни проекти, локални и регионални патишта“,…, рече Груевски во одговор на новинарско прашање по поставувањето камен темелник на објкетот на ОДВ Електрик во индустриската зона Струга/Охрид.