Од денес календарски започнува есента

Календарски од денес на северната Земјина полутопка започнува есента.  Новото годишно време ќе започне точно во 10 часот и 21 минута. Во исто време за жителите од јужната Земјина полутопка започнува пролетта. Денот ќе трае 12 часа и 12 минути.

Метеоролозите за првиот есенски ден најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне се очекуваат врнежи од дожд, особено во источните и јужните делови на Македонија, со температура која ќе достигне максимални 28 степени.

Есента ќе трае до 22-ри декември во 05 часот и 48 секунди кога календарски ќе почне зимата.