Усвоена физибилити студијата за изградба на марина на малото пристаниште во Охрид

Изгласувањето на точката за прифаќање на физибилити студијата за јавно приватно партнерство за изградба и управување со “мала марина“ на локација мало пристаниште, на денешната седница на Советот на општина Охрид, предизвика најмногу дискусии меѓу советниците и претставниците на локалната власт. Градоначалникот Никола Бакрачески, истакна дека ги разбира различните ставови во однос на оваа тема, но потсети дека Локалната самоуправа се води од законски прецизни и научно издржани анализи во спроведувањето на процедурите за сите проекти кои ги отпочнува:

За жал и денес како многу пати досега имавме доста произволни ставови на оваа тема, кои не кореспондираа со фактите изнесени во физибилити студијата. Иако претходно запазувајќи ги законските процедури имавме идеен проект, кој беше со воодушевување прифатен од граѓаните, но токму поради законските обврски, пристапивме кон избор на изработувач на физибилити студија, а на јавниот повик беше избрана реномираната консалтинг компанија “Таргет комуникации“. Ние како одговорна локална самоуправа уште пред три година зедовме обврска овој простор да го уредиме и да стане атракција на градскиот кеј. Најголемите забелешки беа упатени во делот за заштитата на животната средина, без притоа внимателно да се навлезе во она што го има во студијата на оваа тема, а тоа е најзначниот дел на кого ние како локална самоуправа посветивме најголемо внимание, запазуваќи ги сите законски аспекти и препораки за заштитата и унапредувањето на животната средина“ – истакна градоначалникот Бакрачески.

izjava_gradonacalnik_2309_400