Вардар го освои Суперкупот на Македонија

Тимот на Вардар е освојувач на Суперкупот на Македонија. Актуелниот првак го победи Работнички на пенали со 4:3 откако натпреварот по 120 минути заврши 1:1. Голманот на Вардар, Филип Гачевски ги одбрани пеналите на Алтипармаковски и Ристевски за победа на актуелниот првак во Суперкуп натпреварот против Работнички.

Вардар поведе со 1-0 во единаесеттатаминута по одлична акција на Петковски по десната страна, младинскиот репрезентативец ја сврте топката кон Блажевски, одбраната на Работнички кусо ја одби топката до Филип Ивановски, кој со прецизен удар погоди во мрежата на Шишковски.

Работнички се закани преку Милан Ристовски со удар од далечина, но топката заврши крај голот на Гачевски.

Во првото полувреме се обиде и Хамбарџумјан, но ударот со глава не беше прецизен.

По само 90. секунди од второто полувреме, Баже Илијоски беше програн во празно и откако изби сам пред голот лесно го совлада Гачевски за 1:1. Вардар се обиде преку Глигоров кој шутираше од 18 метри, но Шишковски беше внимателен. До крајот на регуларните 90. минути немаше возбудувања, освен еден удар од далечина на нововлезениот Алтипармаковски кај Работнички.

Без шанса за погодок двете екипи ги одиграа и продолженијата, а во пенал-серијата, кај Вардар не реализираше Ивановски, додека кај Работнички промашија Алтипармаковски и Ристевски.

За Вардар ова е втор трофеј во Суперкупот во неговото трето издание.

Вардар: 90. Филип Гачевски 3. Горан Попов 4. Немања Мијушковиќ 9. Дејан Блажевски (Б. Љамчески) 14. Дарко Велковски (Б. Грнчаров) 16. Никола Глигоров 19. Ховханес Хамбарџујман 20. Бобан Николов 22. Филип Ивановски 70. Алвес Рибеиро Хуан Фелипе 97. Петар Петковски (А. Стојков);

Работнички: 25. Дејан Шишковски 2. Леон Најдовски 6. Херера Кардона Себастијан) В. Митров) 10. Блаже Илијоски (М. Алтипармаковски) 14. Кире Ристевски 15. Кире Маркоски 17. Милован Петровиќ 23. Милан Ристовски (С. Вујчиќ) 24. Душко Трајчевски 26. Миле Цикарски 27. Милан Илиевски