Во периодот од 08,00 часот на 24.09.2015 до 25.09.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 2.022 странски државјани, од кои, 1.215 се од машки пол, 268 се од женски, 486 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 53 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан –1.190, Сирија-616, Ирак-123,додека другите се во помал број.
Во периодот од 19.06.2015 до 25.09.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 96.864 странски државјани, од кои, 64.343 се од машки пол, 13.107 се од женски, 16.318 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 3.096деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-74.113, потоа Авганистан-9.837, Ирак-5.703, Пакистан-2.617 Палестина-1.047, Сомалија-628, Бангладеж-609, Иран-546, Конго-368, Нигерија-221, Камерун-169, Еритреја-163, Етиопија-126, Судан-111, додека останатите се во помал број.
Во периодот од 08,00 часот на 24.09.2015 до 25.09.2015 година во 08,00 часот до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 25.09.2015 година до Одделението за азил се поднесени 50 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 37 барања се од државјани на Сирија, од нив 10за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 24.09.2015 година евидентирани се 5 баратели на азил, сите мажи. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита две малолетни лица без придружба на старател и еден маж се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.