Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2015 година, во Република Македонија, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 602 078 МWh електрична енергија, 2.336 мил. nm3 природен гас, 430 246 тони јаглен и 87 434 тони нафтени продукти.
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 64.03% во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 95.1% од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.