Победа за ракометарите на Охрид 2013 во гости против Металург 2

Ракометарите на Охрид 2013 денес ја забележаа првата победа во новата сезона од ВИП Машката Ракометна Суперлига на Македонија. Во второто коло охриѓани во салата во „Автокоманда“ во Скопје му гостуваа на тимот на Металург 2.

Тимот на Охрид 2013 прикажа подобра и посигурна игра од Металург 2. Првото полувреме го добија охриѓани со 10-14. До крајот на натпреварот Охрид 2013 не само што го одржуваше водството, туку и успеа да го зголеми на 9 голови разлика за конечен резултат 20-29.

WebOhrid