Актуелниот шампион МЗТ Скопје е освојувач на првиот трофеј во новата сезона од Мак Баскетот, пехарот во Хуавеј Супер Купот.
Металците во финалето славеа победа над вечниот ривал Работнички со 81-62 и сосема заслужено го освоија престижниот трофеј од Хуавеј Супер купот.
Подмладениот тим на Работнички само едно полувреме беше рамноправен ривал на актуелниот шампион.
Квалитетот и долгата клупа на МЗТ Скопје дојде до израз во второто полувреме кога избраниците на Алеш Пипан го скршија отпорот на дотогаш рамноправниот противник.
Капитенот на МЗТ Скопје, Марко Симоновски со неколку поени во низа на стартот на третата делница обезбеди убедлива предност за својот тим, што во продолжението од мечот кошаркарите на шампионот со рутинска игра ја одраа до крајот и ситигнаа до заслужен триумф од 81-62.
И без класичен плејмејкер МЗТ Скопје, во улога на организатор на играта во отсуство на повредените Протич и Љубичиќ, солидно одигра репрезентативецот Дамјан Стојановски, шампионот од Аеродром лесно и убедливо го совлада вечниот ривал Работнички на финалето во Охрид.
Работнички ја одржуваше резулатската неизвеснот до половина од средбата, капитенот Мираковски во почетните 20 минути одлично ги разигруваше младите соиграчи, но во вториот дел неможеше да го издржи темпото на металците.
Токму капитените на финалистите Марко Симоновски и Димитар Мираковски беа најефикансите кошаркари на средбата со по 17 односно 16 поени. Во редовите на победникот солидно одиграа и Мијатовиќи со 16 и Дреновац со 13 поени.
Кај Работнички, покрај Мираковски одлично одигра и репрезентативецот Бојан Крстевски со 15 поени и 6 скока.
По крајот на финалето, претседателот на МКФ, Петар Наумоски ву врачи слика со врамен репрезентативен дрес на еден од творците на македонската кошарка, легендарниот Лазар Лечиќ.
Вредни награди од спонзорот на Супер Купот „Huawei“, најнови модели на мобилни телефони Хуавеј по крајот на дуелот од рацете на потпреседателите на МКФ, Илија Пенов и Сашо Дракуловски, добија најдобриот стрелец и најкорисниот кошаркар на Хуавеј Супер Купот, Ѓорѓе Дреновац и Димитар Мираковски.
Награда имаше и за најсреќниот од публиката, телефон од Хуавеј доби Димитар Митревски кој на полувремето од финалето успеа да биде прецизен од зад линијата за три поени.
Хуавеј Супер купот кој викендов се играше во СЦ „Билјанини извори“ во Охрид беше одлична увертира на претстојната сезона во Првата лига која започнува на 10 октомври.