ИЗИИС одликуван со „Орден за заслуги за Македонија“

Научната установа Институт за земјотресно инженерство и сеизмологија, која е во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, по повод 50 години од нејзиното постоење, беше одликувана со „Орден за заслуги за Македонија“.

ИЗИИС е одликуван со орденот за резултатите кои ги има постигнато во земјотресното инженерство, во намалувањето на сеизмичките ризици, во заштита на човечките животи и материјалните добра, како и за афирмација на научните достигнувања во светот.

На свечената церемонија покрај останатите гости, присуствуваше и заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски.