Се врши фреско живопис во црквата св. Пантелејмон (св. Климент) во Велгошти

Се врши фреско живопис во црквата св. Пантелејмон (св. Климент) во Велгошти, со донација од верниците, кој има желба да донира црквата е отворена секој ден од 8 до 12 часот.

Фреско живописот се врши од страна на познатиот уметник Марјанчо Ристески од Велгошти.

13329915_1041885velgosti.jpg
Свети Климент или помалку користеното Свети Пантелејмон е главната селска црква во охридското село Велгошти. Таа воедно е и главна парохиска црква на Велгошката парохија.

Црквата е изградена во 1872 година. Делумно фрескоживописана е во 1944 година од страна на зографот Коста Иванов од Тресонче.

13336194_1041885585846541_1288154277.jpg

Извор: www.velgosti.com