Изведен ораториумот на композиторот Фатос Лумани

Во рамките на овој музичко сценски перформанс настапија хорот и оркестарот при Македонската опера и балет, познатиот музичар Блерим Груби кој се претстави како солист на виола, а магијата на мистичната музика беше доловена преку изведба на ориентални музички инструменти …

Во Македонската опера и балет вчеравечер беше изведен ораториумот насловен „Љубовта кон пророкот“ на реномираниот композитор Фатос Лумани. Диригент на изведбата на оваа голема музичка творба за хор, оркестар и солисти со драмско–епски карактер беше маестро Хакан Шенсој, кој е еден од најистакнатите диригенти во Република Турција, со реализирани многубројни концерти на подиумите низ целиот свет, за што и многупати е наградуван.

Во рамките на овој музичко сценски перформанс настапија хорот и оркестарот при Македонската опера и балет, познатиот музичар Блерим Груби кој се претстави како солист на виола, а магијата на мистичната музика беше доловена преку изведба на ориентални музички инструменти. Многубројната публика уживаше во изведбата на уметниците Абас Јахја и Убејдулах Сезикли кои свиреа на инструментот неј, Мухарем Хафиз на канун, Елјеса Асани на уд и Шафак Ел Имам на деф.

Во текот на изведбата на ораториумот „Љубовта кон пророкот“ актерите Серпил Керим и Адем Карага рецитираа стихови од делото „Дожд“ на познатиот турски поет Нурулах Генч. Улогата на текстописец во овој проект му беше доделена на писателот и режисер Артан Арслани, кој претходно соработувал со композиторот Фатос Лумани.

На настанот кој беше во организација на Институтот „Јунус Емре“, а со поддршка од Министерството за култура присуствуваа голем број еминентни гости, државни и владини функционери, амбасадори и директори на културни институции меѓу кои Фуркан Чако, Беким Незири, Лирим Шабани, Неждет Мустафа, Изет Меџити како и амбасадорот на Република Турција во Македонија Омур Шолендил, државниот секретар во Министерството за култура Бехиџудин Шехапи, директорот на Институтот „Јунус Емре“ Мехмет Самсатчи.

014_Mob_drzaven 023_Mob_drzaven IMG_7436