Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, утре ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Народна Демократска Република Лаос, на Република Куба и на Боливарска Република Венецуела.
– 09:45 часот – предавање акредитиви на Н.Е. г. Поукао Помавонгса, новоименуван амбасадор на Народна Демократска Република Лаос за Република Македонија, со седиште во Виена.
– 10:45 часот – предавање акредитиви на Н.Е. г. Педро Пабло Сан Хорге Родригез, новоименуван амбасадор на Република Куба за Република Македонија, со седиште во Софија.
– 11:45 часот – предавање акредитиви на Н.Е. г-ѓа Ориета Капони, новоименуван амбасадор на Боливарска Република Венецуела за Република Македонија, со седиште во Софија.