Пријавување за наградување на еко-училишта и еко-градинки

Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ се имплементира преку канцеларијата во Министерството за образование и наука на Република Македонија, согласно потпишаниот Меморандум за соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка.

Програмата ја спроведува Здружението за едукација, комуникација и консалтинг ОХО како организација со долгогодишно искуство во областа на заштитата на животната средина и еколошката едукација.

Главна придобивка од Програмата е можноста за создавање мрежа на еко-училишта и еко-градинки кои ја усвоиле заштитата на животната средина како една од основните вредности во својот развој и управување. Со членство во мрежата, еко-училиштата и еко-градинките добиваат можност за учество во национални и интернационални натпревари, можност за аплицирање со проекти, можност за добивање финансиска поддршка од ОХО, поврзување со училишта и градинки од регионот и пошироко и многу други поволности.

За таа цел, ОХО како имплементатор на Програмата, распишува конкурс за наградување на училишта и градинки за бронзено ниво, сребрено ниво и ниво на зелено знаме.

Сите подетални информации во врска со годинешниот конкурс и начинот на аплицирање можете да ги најдете на следниот линк:

http://nrp.org.mk/selectedarticle.aspx?cid=1686&l=5#.VgpDK3333Jo

Контакт лице: Васе Ачкоска, vase.ackoska@mon.gov.mk