Изградба на 140 градинки, нов проект на ВМРО-ДПМНЕ

Проект за изградба на нови 140 државни детски градинки во периодот од 2017 до 2020 година со кои ќе се отворат до 18 илјади места за згрижување деца од претшколска возраст најави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Вредноста на проектот е 25 милиони евра, а со неговата реализација треба да се реши проблемот со листите на чекање за згрижување на деца во градинки. Приоритет за изградба на нови детски градинки ќе имаат општините кои имаат најголеми потреби, односно најдолги листи на чекање. Станува збор, рече Груевски, за изградба на…

повеќе...

Грантови од по 600.000 денари за отворање приватни градинки

Со грантови од по 600.000 денари државата стимулира отворање приватни градинки. Со огласот што го објави денеска Агенцијата за вработување се предвидува распределба на средства за отворање 10 приватни градинки. Се очекува да бидат отворени 40 до 50 нови работни места и дополнителни капацитети за згрижување на 400 до 500 деца. Огласот ќе биде отворен 20 дена. Во центрите на Агенцијата за вработување можат да се пријават физички и правни лица, а приоритет ќе имаат невработените активни баратели на работа. „Оние кои ќе ја искористат финансиската поддршка од 600 илјади…

повеќе...

Спасов: Грант од 10.000 евра за отворање нови детски градинки

Грант од 10 илјади евра за отворање приватна детска градинка предвидува мерката што треба да почне да се реализира од идната година. Мерката треба да донесе нови вработувања и да ги зголеми капацитетите за згрижување на деца од претшколска возраст, а ја најави денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов. „Во делот на градинките планираме нова програма која треба да започне да се реализира на почетокот на 2016 година. Станува збор за грант за основање приватни градинки во висина од 10.000 евра. На ваков начин планираме да поттикнеме…

повеќе...

Спасов: 22 нови детски градинки во 2016 година

Во текот на наредната година Министерството за труд и социјална политика планира да отвори нови 22 детски градинки во земјава, најави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов. Од нив, како што истакна, 12 ќе бидат во Скопје, каде што општините и родителите имаат големи потреби за сместување на децата. „Во Општина Центар ќе имаме околу три објекти, во Кисела Вода, во Аеродром, во Ѓорче Петров, во Гази Баба и секаде онаму каде што потреба. Во 2016 година со овие 22 градинки треба да создадат 2.000 нови места за…

повеќе...

Груевски: Покрај ветените 40 градинки, следната година ќе се градат уште шест

Покрај ветените 40 градинки, следната година започнуваме со изградба на дополнителни шест нови и проширување на капацитетите за нови 500 деца, истакна синоќа премиерот Никола Груевски во интервју за телевизијата Канал 5. Ние сме многу посветени на делот на градинки, нагласи премиерот и додаде дека тоа е дел од нивната поширока стратегија поврзана со демографијата, со наталитетот и е еден сегмент од сето тоа. „Имаме план што секоја година го исполнуваме за отворање нови градинки, се разбира и за одржување на постојните. Во тој план, на пример за овој мандат…

повеќе...

Пријавување за наградување на еко-училишта и еко-градинки

Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ се имплементира преку канцеларијата во Министерството за образование и наука на Република Македонија, согласно потпишаниот Меморандум за соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка. Програмата ја спроведува Здружението за едукација, комуникација и консалтинг ОХО како организација со долгогодишно искуство во областа на заштитата на животната средина и еколошката едукација. Главна придобивка од Програмата е можноста за создавање мрежа на еко-училишта и еко-градинки кои ја усвоиле заштитата на животната средина како една од основните вредности во својот развој и управување. Со…

повеќе...

Координирано против вандалите што го уништуваат имотот на училиштата и градинките

На состанок што се одржа денес со претставници од Секторот за внатрешни работи, претседатели на Урбани заедници, директори на основни училишта и детската градинка ЈОУДГ „ Јасна Ристеска“ се разговараше за проблемите со уништување на имотот во училиштата и градинките. Целта беше заеднички и координирано да се изнајдат решенија за справување со зачестената појава на вандалско уништување на имотите особено во детските градинки и училиштата. Беше договорено да се зајакнат полициските патроли особено во вечерните часови, во близина на градинките и училиштата, а особено на местата кои се познати како…

повеќе...

Заеднички против вандалите кои го уништуваат имотот на детските градинки

Во сите објекти на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, од страна на непознати сторители, продолжува оштетувањето на детските паркови, градините, оградите, покривите, олуците, надворешните единици од клима уредите, кршењето на катинари и порти, обиди за влегување во објектите со оштетување на влезни врати и прозорци од објектите, шетање на домашни миленичиња во дворовите, како и други оштетувања кои предизвикуваат несогледливи последици по здравјето и безбедноста на децата. Токму поради тоа, денеска се одржа работна средба со претставници на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, Секторот за образование при Локалната самоуправа на и СВР- Охрид. Целта…

повеќе...