Во три одделни случаи запленето околу 12 килограми марихуана

Во рамки на оперативната акција “Мрежа“ за сузбивање на трговија со дрога, Министерството за внатрешни работи реалзираше три одвоени случаи на недозволена трговија со дрога при што вкупно беа запленети скоро 12 килограми марихуана и поднесена е кривична пријава против осум лица поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” предвидено и казниво по член 215 став 3 од Кривичниот законик на Р. Македонија.

Имено, во првиот случај на завчера (27.09.), околу 22,50 часот на патарината Тетово, патен правец Тетово-Гостивар од страна на полициски службеници при обид да се сопре ПМВ марка “Волгсваген Фајтон“ со скопски регистарски ознаки истото не застанало односно ја пробило рампата на патарината по што од страна на друга полициска екипа возилото е запрено. При извршената контрола над возилото било утврдено дека истото е управувано од Џ.Б.(27) и како совозач лицето Р.Џ.(27) и двајцата од с.Студеничани -Скопје. По извршен преглед над возилото во задниот дел, поточно на подот позади совозачкото седиште, пронајдена е една најлонска вреќа бела боја во која имало четири полиетиленски пакувања облепени со кафена самолеплива лента исполенти со растителна материја со зелена боја во тежина од околу шест килограми. Одземената растителна материја е предадена во Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при МВР на РМ каде што е констатирано дека се работи за опојна дрога марихуана..

Во вториот случај запленети се околу три килограми марихуана и од слобода се лишени три лица, додека пак по уште две други лица во моментов се недостапни на органите на прогон. Имено од слобода се лишени лицата И.Ш.(30) и С.А.(24) и двајцата од Скопје, а со заплената се поврзува и А.К.(37) од с.Кондово кој во моментов се наоѓа на издржување казна затвор.

Според добиените сознанија А.К., Р.Е.(43) од с.Арачиново и С.Б.(33) од с.Глумово во втората половина на овој месец од Косово набавиле наркотична дрога марихуана со цел истата да ја препродадат и да се стекнат со противправна имотна корист. За таа цел завчера (27.09.) по претходен договор со намера да ја продадат набавената дрога-марихуана за што И.Ш. од Скопје, по инструкции на С.Б. оди во с.Арачиново од каде ја презема наркотичната дрога по што ја сокрил во неговиот дом, со намера веднаш да ја продаде на НН лице, а со цел да се стекне со противправна имотна корист. Од страна на полициски службеници од СНТД по претходно изготвен план беа преземни мерки и активности на подрачје на Скопје при што околу 19,00 часот на ул. Партизанска бил забележан И.Ш., како управува ПМВ марка „БМВ„ сребрена боја со скопски регистарски ознаки, истиот е легитимиран, по што по наредба на судија на претходна постапка извршен е претрес во неговиот дом.

При извршен претрес во домот на лицето пронајдени се шест пакувања со правоаголна форма, обвиткани со најлонска фолија, исполнети со непозната растителна материја, од кои едното пакување било веќе отворено, дигитална вага марка „АДЛЕР„, мало полиетиленско пакување со жолта боја исполнето со непозната растителна материја, како и 69 пакувања облепени во црвени полиетиленски кеси, испонети со непозната растителна материја, 61 пакувања облепени со црвена полиетиленски кеси, исполнети со непозната материја црна боја, метална дробилка, парче од огледало со остатоци од бела прашкаста материја, метална чинија со остатоци од бела прашкаста материја помали пакувања наменети за продажба на мало.

Во тек е превземање на дополнителни мерки и активности за пронаоѓање на С.Б. и Е.Р. кои се поврзуваат со горенаведената заплена заради целосно комплетирање и расчистување на случајот.

Одземената растителна материја е предадена во Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при МВР на РМ, и констатирано е дека се работи за околу три килограми мрихуана.

Од страна на СНТД до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција поднесена е кривична пријава против лицата А.К., Е.Р., С.Б., И.Ш. и А.С. сите од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” предвидено и казниво по член 215 став 3 од Кривичниот законик на Р. Македонија.

Во третиот случај на 24 овој месец на патниот правец Прилеп-Скопје при рутинска контрола запрено е ПМВ “Ауди А6“ со бугарски регистарски ознаки управувано од К.К.(37), од с.Чифлик, општина Чешиново Облешево. При извршената контрола на возилото во предниот дел од хаубата пронајдени се три поголеми паковки со растителна зелена материја спакувани во најлонски кеси. Од извршената анализа на пронајдените паковки, констатирано е дека растителниот материјал претставува компримирани исушени делумно здробени врвни делови –кои потекнуваат од растението канабис сатива со маса од околу 2,9 килограми. ПС-ОН Прилеп до ОЈО Прилеп поднесе кривична пријава против К.К. за што од страна на судија на предходна постапка на лицето му е одредена мерка притвор во траење до 30 дена.