Утре ќе се презентира проектот „Со мултимедијална едукација до здрави животни стилови“

Во Основното училиште „Григор Прличев“, утре со почеток во 10 часот, ќе се одржи презентација на проектот „Со мултимедијална едукација до здрави животни стилови“. Проектот кој се реализира под мотото „Заедно до среќно и безбедно детство“, ќе го презентира координаторот Миле Гиноски, советник во Министерството за образование и наука.

На презентацијата ќе учествуваат ученици од четврто одделение и претставници на Советот на родители од ОУ „Григор Прличев“, директорите на основните училишта од Охрид, комисијата за општествени дејности и службите на Локалната самоуправа.

Ова е уште еден од многуте проекти кои ги подржува општина Охрид, а се насочени кон промоција на здрави животни стилови и правилен развој на децата.