Градоначалникот Бакрачески после посетата на поголем број месни заедници и урбани заедниц, од денес продолжува со посетата урбаните заедници. Денес со почеток во 19 часот ќе оствари средба со жителите на УЗ Стар град. Средбата ќе се оствари во салата во ОУ „Климент Охридски“
На средбата покрај соработниците на градоначалникот ќе бидат присутни и директорите на Јавните претпријатија. Целта на средбата е запознавање на градоначалникот со проблемите на овие жители и можностите за нивно побрзо решавање.